Судијката Лаура Кларк која настрада од ненамерниот удар со топче на Новак Ѓоковиќ планира да покрене тужба против тенисерот за претрпен страв.
Српскиот тенисер во дуелот со Пабло Карење Буста после изгубен сервис го удри топчето кое заврши во вратот на Кларк. Првата помош и помогна на Кларк да се стабилизира, а челниците на УС Опен следејќи ги правилата го дисквалификуваа Ѓоковиќ.
Најдобриот тенисер ден после инцидентот јавно и се извини на Кларк и организаторите и испрати порака до своите фанови да не ја навредуваат судијката и турнирот.
OhridNews