Еден од најмаркатните судии во Премиер лигата, Мајк Дин имаше нова и необична улога на трибините во текот и после мечот помеѓу Транмере и Форест Грин. Дин кој е голем симпатизер на Транмере ги преводеше навивачите во прославата, откако клубот обезбеди бараж на Вембли за влез во Третата лига по ранг во Англија.

Вториот натпревар од дуелот Транмере – Форест Грин заврши без победник, а во првиот славеше тимот кој го симпатизира судијата, што беше доволно за пласман во големото финале на Вембли.

Низ судиската кариера Дин правдата ја има делено на 700 натпревари. Неодамна стана и првиот судија кој доделил 100 црвени картони во Премиер лигата, а и новата улога добро му прилега.

OhridNews