ВАР-системот драстично ја олеснува задачата на судиите во фудбалот, но се уште одговнорста е кај судиите, кои мора да пресачат и да донесат конечна и пред се правилна одлука.

Дека со ВАР-системот не е лесно, доказ доаѓа од Србија каде главниот арбитар Минаковиќ на дуелот Спартак и Раднички дури 22 пати ја прегледуваше снимката пред досуди пенал во корист на гостите. Гостинските фудбалери реализираа и поведоа со 1-0. Видеото можете да го погледнете, тука.

Во српскиот фудбал од сезонава е воведен ВАР-систем кој се очекува да ги сведе на минимум грешките на судиите и сите погледи на мечевите да се насочат кон фудбалерите, а не кон „луѓето во црно“.

OhridNews