Судиската организација во склоп на Италијанскиот фудбалски сојуз го супендираше една година арбитарот Антонио Мартиниело за физички напад на еден од фудбалерите.

На дуелот Борго Мољано – Монтотоне во Серија Ц лигата, судијата му доделил црвен картон на домашниот голман. Но картонот место да ги смири страстите дополнително ги разгорел. Судијата со глава го удрил фудбалерот, кој случајот го пријавил кај делегатот и италијанскиот фудбалски сојуз.

Суспензијата на судијата не само што ќе го спречи да биде делител на правдата цела година, туку исто така значи дека не смее да влезе во објектите на било кој фудбалски клуб од трите лиги, аматерските лиги и мечевите на италијанската репрезентација.

OhridNews