Судскиот совет деновиве избра четири нови судии во Апелациониот суд Битола, меѓу кои е и Билјана Белевска Пројковска од Основниот суд во Охрид. Таа е избрана за судија во кривичната област.
Со 13 гласа „за“ за судија во Апелациониот суд Битола во кривичната област, избрана е прворангираната Биљана Белевска Пројковска со речиси 20-годишен стаж, од кои 14 години работела на предмети од кривичната област во Охридскиот Основен суд, информира Судскиот совет.
Покрај неа, Судскиот совети избра уште три нови апелациски судии за граѓанска област и тоа Ристо Сотиров, Дејан Крстанов и Александар Илиевски.
Г.М.