Судскиот процес за скандалот со хотелот на Македонската православна црква „Изргев“ во Струга, ќе почне на 24 август во Скопје.

Судскиот процес против струшките бизнисмени, браќата Димитар и Георги Миладинов и против уште 13 други обвинети, ќе го води судијата Ѓоко Ристов, кој го презеде случајот од судијката Лидија Неделкова која пред неколку дена беше избрана за претседателка на Основниот суд Скопје 1.

Според обвинението, Ѓорѓи и Димитар Миладинови, заедно со другите осомничени, во периодот од 2002 до 2008 година преку разни малверзации во врска со хотелот „Изгрев“ се стекнале со противправна имотна корист од околу шест милиони евра. Тие се товарат дека ја оштетиле  германската ЛХБ банка за 5,2 милиони евра и  Тутунска банка за околу еден  милион евра.

Ohridnews