Мек Конвил во тек на сведочењето меѓу другото изјави дека возачот на неговиот автомобил („поршето“ е во сопственост на сведокот Конвил) Ник Морли „на критичниот ден, моменти пред сударот со „голфот“ во кои биле загинатите Чепуњоски, возел со брзина слична на другите возила кои биле вклучени во сообраќај. Морли во последен момент пробал со нагло вртење в лево да го избегне сударот, но било доцна“
Сведокот Мек Конвил (стои):
„Возевме со слична брзина како и македонските возила“
„Откако излетавме од патот, јас и Ник се вративме на коловозот, имаше многу луѓе, насобрани да помогнат на повредените. Помагавме и ние. На колеги учесници во трката им рековме да ја информираат полицијата на граничниот премин, затоа што беше најблиску“ изјави Метју Мек Конвил.
Доказната постапка денес заврши, а судот во Струга ги одби сите предлози на одбраната за дополнување доказната постапка. Имено, одбраната на Морли побара да бидат изнесени скицата изготвена од овластеното п-тие ГЕО-ПРЕМЕР со писмена потврда, да биде прикажана аматерска видео снимка направена од снимател кој случајно се нашол на местото на несреќата, а одбиени се и доказите за имотно – материјалната состојба на обвинетиот.
Претходно судот го одби барањето на одбраната како доказ да бидат земени вештачењата што ги направиле македонскиот експерт Винко Гаица и британскиот форензичар, Ричард Ламбур.
До крајот на денешната сесија од судењето следуваат завршните излагања на двете странки, со што ќе заврши судскиот спор против обвинетиот Николас Морли.
Пресудата ќе биде соопштена во петок, 8. мај 2007 во 12.00 часот.
С. К.