Судењето на  британскиот државјанин Николас Морли кој се сомничи дека како учесник во меѓународното рели “Гамбол“ 3000 на 2 мај ја предизвикал тешката сообраќајна несреќа кај Струга во која настрадаа сопружниците  Чепуњоски,
ќе почне во петок во Основниот суд во Струга, дознава ohridnews.

Судскиот процес ќе го води судијата Аце Петрески. Обвинението го товари Морли дека сторил тешки дела против безбеноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое според кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку 4 години.

Николас Морли во моментов издржува притвор во затворот во Охрид, каде ќе остане до почетокот на судењето.