Судењето за воени злосторства на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, како и на Јохан Тарчуловски ќе започне на 16 април годинава, се истакнува во документите објавени  вчера од Хашкиот трибунал, јави Франс прес.


Бошковски пред судот во Хаг

Бошковски и Тарчуловски се наоѓаат во притвор во Хаг од март 2005 година. Тие се обвинети за воени злосторства извршени врз етнички Албанци за време на конфликтот во 2001 година, вклучувајќи го и наводното убиство на седум лица во близина на селото Љуботен кај Скопје.

Бошковски и Трачуловски се единствените Македонци кои се изведени пред судот за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, од неговото основање во 1993.

МИА