Сопственик на продавница за музичка опрема од Њујоршко предградие е обвинет дека продал илегално копија на гитара Лес Пол, и доживеал да му се суди во комбе на судското паркиралиште затоа што бил предебел за да влезе во вратата на судницата.
Неговиот адвокат кажува дека 227 кг. тешкиот маж е неспособен да влезе во судот. Државниот судија Роберт Дојл рекол дека причина за необичното решение е неговиот „тежок проблем со телесната тежина“.
Судењето е одржано вчера во гратчето Риверхед, а бранителот на судот му предал и лекарско уверение во кое стои дека обвинетиот боледува од остеоартритис.
Трговецот кој изјавил дека не се чувствува виновен е пуштен без кауција, и тврди дека поради тој случај и лични здравствени проблеми морал да ја затвори продавницата.