Трагичната судбина на струшкиот доктор Александар – Сандре Калајџиевски, се протега во отсечка од само 38 години. Роден во предилинденскиот период, во предилинденските и илинденски жртви останува сирак – татко му е обесен од турскиот аскер – а умира во предхитлеровскиот период, во Прага, совладан од опаката туберкулоза.
Во меѓувреме, посвоен, официјално, од чичко му Jонче, кој дваесетите години ќе замине на печалба во Америка и така ќе сомгне да го исшколува неговиот Сандре: првин во битолската гимназија, па на Маедицинскиот факултет во Софија, од каде што заминува во Прага и специјализира гинекологија.
Докторот Сандре се вбројува меѓу првите македонски доктори – специјалисти. За него и неговата животна судбина пишува Ристо Лазаров, кому, како што е познато, последниве години настаните во Чешка и со Македонците во чешка му станаа ,,потесна специјалност“.
Оваа книга излезе во издание на ВиГ Зеница, а пак „Везилка2011“ истовремено го објави и преводот на романот ,,Платонов – хроника на еден подрум“, дело на белградскиот писател Александар Новачиќ, кој на нашата книжевна јавност и е познат по биографските романи за Чехов, БУлгаков и Ерофееб.
OhridNews