На седницата на дневен ред покрај другото ќе биде и извештајот за работа на Здружението, со финансиски извештај за периодот јули-декември 2007 година.
На денешната седница се очекува да се “реши“ прволигашката судбина на КК Маврово, кој требаше до 4 јануари да се изјасни дали останува во првата лига.
Клубот е суспендиран и нема да му биде дозволено да игра на средбата со Струмица на 19 јануари, доколку не го подмири долгот од 88.400 денари (казни и неплатена рата од котизација). Со оглед на тешката финансиска состојба на гостиварскиот клуб, најверојатно е оти лигата ќе продолжи со осум клуба.
Ако гостиварскиот клуб не се повлече сам, тогаш по забраната за играње во првото пролетно коло на 19 или 26 јануари, ќе заработи автоматска суспензија поради загубен втор натпревар со службен резултат. По ваквиот епилог е најавено да се направи нов распоред со 8 екипи според Бергеровиот систем и првенството да продолжи на 2 февруари.