Фотографијата од виетнамскиот фотограф Ник Ут за која доби Пулицерова награда е една од најпознатите светски новински фотографии која во голема мера влијаеше врз ставот на Американците кон војната во Виетнам.

На 8 јуни 1972 во древниот Транг-Банг, северозападно од Сајгон, авионите на Јужен Виетнам поддржани од американската армија фрлија напалм бомби.

Фотографијата наречена Виетнам напалм, на која е снимено деветгодишното девојче Ким Фук кое голо трча изгорено од бомбата, веднаш го обиколи светот и значително влијаеше врз ставот на Американците во однос на војната во Виетнам.

Фотографијата е прогласена за Светска новинска фотографија во 1972 година, а Ник Ут доби Пулицерова награда.

Фотографот веднаш го однел 9-годишното девојче во болница, каде што било искажано дека поради големите изгореници девојчето нема да преживее. Сепак по 14-месечно болничко присуство и 17 операции Ким Фук е спасена.

Како возрасна, Ким Фук стана антивоен симбол на Виетнам. Во доцните 80-ти ја смени религијата во христијанска, а во 1989 се пресели во Куба каде го сретна нејзиниот иден сопруг Буи Хуи Туан со кого се венча во 1992.

Во 1997 стана Амбасадор на добра волја при УНЕСКО. Денес со нејзиното семејство живее во Канада.



taratur.com