Две возила со охридски и гостиварски регистарски таблички се судрија вчера попладне на крстосницата кај спортскиот центар. За среќа во сударот никој не настрада, а оштетените возила со шлеп служба беа дислоцирани од прометната сообраќајница. Поради сударот кусо време сообраќајот на булеварот „Туристичка“ се одвиваше отежнато.

Охридската полиција викендов регистрирала повеќе полесни сообраќајни несреќи, кои се резултат на зголемениот обем на сообраќај во градот.

OhridNews