Албанската полиција информира дека со потешки повреди се здобил наставникот Беким Даути (49), кој е пренесен во Воената Болница во Тирана. Повредени се и возачот Члирим Дервиши (26) и учениците Премтиме Мустафи (13), Дритан Дервиши (13) и Арлинде Тагири, кои исто така се пренесени во Воената болница во Тирана.
Двата автобуси, се судриле на патниот правец Валона – Фуш Круја при обид за претекнување.
Останатите ученици од двата автобуси заминале кон Македонија.
извор: „Макфакс“