Суданските сили за брза поддршка соопштија дека се согласиле на 72-часовен прекин на огнот од хуманитарни причини, со што се создале услови за прекин на конфликтот со суданската армија, кој трае веќе неколку дена.

Примирјето ќе се совпадне со Рамазан Бајрам… и така ќе може хуманитарните коридори да бидат отворени за евакуирање на цивили кои ќе имаат можност да ги видат своите семејства, се вели во соопштението на Суданските сили за брза поддршка.

Тие истакнуваат дека презеле акции за „самоодбрана“ за да го спречат обидот за државен удар и дека се подготвени за „целосен прекин на огнот“ за време на периодот на примирје.

Засега нема коментар од суданската армија. Од почетокот на борбите во Судан загинаа повеќе од 330 луѓе.

OhridNews