Судот во градот Лили на север во Франција го поништил бракот бидејќи сопругата го лажела својот сопруг дека е невина, објавиле француските медиуми.
Мажот од муслиманска вероисповест побарал развод уште утрината по венчавката, откако првата брачна ноќ открил дека жена му, спротивно на неговите уверувања, сепак не е невина.
Според пресудата, бракот е поништен „од објективни причини“.
Младата жена го лажела вереникот бидејќи била уверена дека не би се оженил со неа ако ја знае вистината.