Од септември 2010 година ќе започне да се реализира Програмата за субвенционирање на потрошувачката на енергија, а од октомври вкупно 58.000 социјално загрозени семејства во Македонија ќе добиваат по 600 денари месечно, како субвенција за потрошената енергија. За најзагрозените семејства исплатата на субенциите ќе почне од септември.

Министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами и   Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски,  на прес-конференција, соопштија дека поддршката е дел од Програмата за субвенционирање на потрошувачката на енергија што ја усвои Владата.

Поддршката ќе трае до крајот на годинава, но интенција на Владата е да продолжи и во следната 2011.

“Избраниот модел на субвенционирање е во насока на намалување на  енергетската сиромаштија во РМ и се заснова на воведување на систем на надоместување  на дел на трошоците за платена месечна сметка за  електрична енергија и други енергенси,  истакна Бајрами. Министерот, исто така, образложи дека исплатата ќе се врши дирекно на корисникот, со следната исплата на социјалната помош во износ од 600 денари.

Министерството за труд и социјална политика ќе отпочне да ја имплементира Програмата за воведување на субвенции за трошоци за  потрошена енергија за најзагрозените категории на граѓани од месец септември 2010 година, а ќе се применува заклучно со месец август 2011 година.

Ohridnews