Со влегувањето на Македонија во Европската унија, на Охридското Езеро не ќе може да пловат чамци со двотактни мотори. Тие ќе бидат забранети за употреба и ќе мора да се заменат со еколошки мотори.

Македонија треба постепено да ги воведува европските стандарди во пловидбата, кои предвидуваат и субвенции за сопствениците на пловила со двотактни мотори, велат од охридската Капетанија.

На Охридското Езеро се проценува дека пловат над 2500 пловни објекти, од кои најмалку половина се чамци со двотактни мотори.

Ohridnews