Милијардерот Субрата Рој утрово беше испрскан со мастило додека полицијата го водеше кон влезот на Врховниот суд во Делхи, каде што одговара за обвинението за измама тешка речиси 4 милијарди евра. Пред судот тој беше пречекан од десетици новинари, фоторепортери и сниматели, но беа собрани и голем број гневни граѓани на кои тој им должи пари. Еден од граѓаните во знак на омраза, му истури мастило во лицето, по што беше приведен од полицијата.
Гневниот граѓанин, според индиските медиуми, е адвокат, Маној Шарма, кој извикал дека Рој е крадец на пари од сиромашни луѓе. Според медиумите, Шарма и самиот бил измамен.
Потоа, пред судот, Рој се извинил затоа што не можел да присуствува на претходното рочиште поради што била издадена потерница по него. Судот го прифатил неговото извинување.
OhridNews
извор: Телма