Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска и се предаде на полицијата откако претходно одби да се појави на суд под обвинување дека неговата компанија не им вратила на инвеститорите милијарди долари, информира Радио Слободна Европа.

Врховниот суд на Индија издаде налог за апсење на шефот на фирмата Сахара Индија по неговото непојавување пред судот во средата. Неговата фирма се занимава со микро финасии, медиуми, туризам, здравствена заштита и трговија со недвижности.

Субрата Рој е обвинет дека подигнал над 3 милијарди долари преку обврзници за кои подоцна се дознало дека биле без покритие. Компанијата објави дека директно исплатила некои од инвеститорите.

OhridNews

извор: РСЕ