Фудбалерите на Атлетико Мадрид осамени на врвот од табелата во шпанската Примера ќе ја завршат 2020 година.
„Јорганиџиите“ завесата ја спуштија со минимален триумф (1-0) над Гетафе, додека градскиот ривал Реал Мадрид ремизираше со Елче 1-1. Стрелец на победничкиот погодок за Атлетико Мадрид беше Луис Суарез кој му го разубави јубилејот на Диего Симеоне. Аргентинскиот стручњак по јубилеен 500-ти пат го предводеше Атлетико Мадрид од клупата.
Резултати:
Гранада – Валенсија 2-1
Селта – Уеска 2-1
Атлетико Мадрид – Гетафе 1-0
Елче – Реал Мадрид 1-1
Табела: Атлетико Мадрид 35, Реал Мадрид 33, Реал Сосиедад 26, Севиља 26, Виљареал 26…
OhridNews