Луис Хамилтон несудениот победник на трката во Спа, ќе мора да се задоволи со третото место.

Стујардите на трката одлучија да го казнат Хамилтон со “одземање“ на 25 секунди поради недозволеното престигнување на Раиконен.

Во драматична трка Хамилтон заврши прв на подиумот но при прегледувањето на снимката, стујардите утврдиле дека Британецот за време на борбата со Раиконен непрописно го престигнал кратејќи ја шиканата.

По казната Хамилтон падна на третото место, а победник е Фелипе Маса, додека второпласиран е Ник Хајдфилд.

По новиот редослед во генералниот пласман во летечкиот циркус Хамилтон има 76 бода, два повеќе од Маса.

М.П.