Најлошите студови што ја погодија Европа последните години би можеле да потрајат до крајот на февруари, соопштија британските метеоролози, пренесува „Макфакс“.

„Февруари најверојатно ќе остане студен до самиот крај“, изјави Леон Браун, метеоролог од британски Њеатхер Цханнел.

Студовите и снежните наноси однесоа неколку стотина животи ширум Европа, а температурите во некои земји се спуштија до речиси 40 степени под нулата.

Студениот воздух од Сибир и високиот притисок спречуваат потоплото време преку Атлантикот да стигне до Европа, појаснуваат експертите.

Според нив, има шанси следната недела да се промени притисокот, но стабилизација се очекува дури за две до три недели.

Иако феноменот со високиот притисок сам по себе не е необичен, драматичниот пад на температурите по повеќе недели блага зима, ги изненади експертите.

„Всушност е прилично уникатно и помалку збунувачки како оваа зима се развива“, рече Браун.

Студениот бран во Македонија, како што прогнозираат синоптичарите, ќе продолжи и во наредните денови.

Денеска не очекува променливо облачно време, минималните температури ќе се движат од -19 до – 8 степени, а максималната дневна ќе се движи од -11 до -2 степени.

Нови снежни врнежи се најавени за во петок, во поладневните часови, за кога се прогнизира максималните дневни температури да се движат од – 8 до 0 степени Целзиусови.

Облачо со врнежи од снег и со миниламни температури од -10 до -2, а максимални од -6 до 1 степен Целзиусов, според метеоролозите ќе биде во сабота.

Врнежите од снег ќе се интензивираат во недела и понеделник, кога се очекуваат минимални температури -10 до -4,  а максиналмите дневни ќе се движат во интервалот од – 6 до 2 степени Целзиусови.