Во Албанија регистрирана е првата жртва од студениот бран што ја зафати земјата изминатите денови. Станува збор за лице на возраст од околу 35 години, бездомник.

Целата територија на Албанија е закована во снег и студ. Изминатата ноќ регистрирана е темпераура од минус 21 степен. Дебелината на снежната покривка во одделени населени места, посебно во подрачјата на Кукс, Скадар, Пук, Пешкопеја, Корча достигнува и до 1,5 метри. Проблеми има во нормалното снабдување со електрична енергија, многу села се сеуште завеани.

OhridNews