Флашираната вода е до стопати полоша отколку што се мислеше кога станува збор за бројот на мали пластични парчиња што ги содржи, наведено е во нова научна студија. Користејќи најнова технологија, научниците избројале просечно 240 илјади забележливи делови од пластика во литар вода кај популарните брендови, помеѓу 10 и 100 пати повисоки од претходните проценки, што предизвикува потенцијални здравствени проблеми кои бараат дополнително проучување.
Ако луѓето се загрижени за нанопластиката во флаширана вода, разумно е да се разгледаат алтернативи како што е водата од чешма. Не советуваме да не се пие флаширана вода кога е потребно, бидејќи ризикот од дехидрација може да ги надмине потенцијалните влијанија од изложеноста на нанопластика, изјави Беижан Јан, вонреден научен професор по геохемија на Универзитетот Колумбија и коавтор на анализата.
Во изминатите години се зголемува глобалното внимание на микропластиката, која се отцепува од поголемите извори на пластика и сега се наоѓа речиси насекаде.
Додека микропластиката е нешто под пет милиметри, нанопластиката се дефинира како честички под еден микрометар или милијардити дел од метар, толку мали што можат да поминат низ дигестивниот систем и белите дробови, влегувајќи во крвотокот директно и од таму до органите, вклучувајќи го и мозокот и срцето. Тие исто така можат да ја преминат плацентата во телата на неродените бебиња.
Има ограничени истражувања за нивните влијанија врз екосистемите и човековото здравје, иако некои рани лабораториски студии ги поврзаа со токсични ефекти, вклучувајќи репродуктивни абнормалности и гастрични проблеми.
Не се именувани брендовите флаширана вода што биле анализирани.
Веруваме дека целата флаширана вода содржи нанопластика, така што издвојувањето на три популарни брендови може да се смета за неправедно, рече Јан.
Резултатите покажаа помеѓу 110 илјади и 370 илјади честички на литар, од кои 90 проценти беа нанопластика, додека остатокот беа микропластика. Најчестиот тип беше најлон. Други видови пластика влегуваат во водата кога капачето се отвора и затвора.
OhridNews