Студентскиот дом „Никола Карев“ се збратими со државниот студентски дом со Средна школа со дом за ученици „Свети Трифун” од Александровац, Србија.

Повелбата за збратимување ја потпишаа директорите Жарко Куциновски и Бранко Рајчиќ на свечена академија по повод патрониот празник на средното училиште „Св Трифун“.

Потпишувањето на повелбата е круна на долгогодишната соработка меѓу двете институции од која во иднина најголема корист ќе имаат учениците и студентите во насока на размена и стекнување на практично знаење.

Неодамна Студентскиот дом „Никола Карев“ се збратими со Домот за ученици и студенти од Беране, Црна Гора, како и со Студенскиот центар Ниш од Србија.

OhridNews