Црвен крст Охрид во соработка со Факултетот за туризам и угостителство и Факултетот за информатичка технологија во Охрид и во соработка со Службата за трансфузиологија при Општа болница Охрид на 09.12.2009 г., (среда) од 10:00 ч. ќе организира студентска крводарителска акција.

Како начин на благодарност за даруваната крв, покрај подарок од страна на организаторот, за студентите на овие факултети, деканатите, подготвија одредени олеснувања во студирањето, информираат од Црвениот крст и ги покануваат студентите да ја покажат својата хуманост.