Студентките на женскиот колеџ во склоп на универзитетот Кембриџ биле предупредени да ги намалат тоновите за време на ноќните активности откако колеџот примил повеќе замерки дека се прегласни. На женскиот универзитет има околу 400 студентки. Ги потсетиле дека ходниците го одбиваат звукот низ тенките ѕидови.


Лизи Кол, претседателката на студентскиот совет на колеџот, испратила порака во која ги моли студентките да ја контролираат својата страст за да можат останатите нормално да се наспијат. една студентка коментирала дека е многу непријатно кога се разбрало дека некои ги прислушкувале. На момчињата им е дозволено да останат во собите на девојките два дена, а ако сакат да го продолжат престојот мораат да се пријават во посебна соба.