Студентката по медицина, Janine Bauer, со масажа на срце и вештачко дишење “уста на уста“ му го спасила животот на еден мал тигар, раскажува директорот на Зоолoшката градина во гермaнскиот град Хале. Студентката која дошла во зоолошката со нејзиниот едногодишен син му притрчала на помош на чуварот кој во кафезот беспомошно гледал како четиримесечниот тигар се гуши отако голтнал преголемо парче месо.
“Тигарот се обиде да проголта преголемо парче месо, почна да се гуши и ја загуби свеста“, објаснува студентката. Зоолошката градина во знак на благодарност одлучила тигарчето да се вика Johann, по синот на студентката која го спасила.
ohridnews