Една студентка на универзитетот Ал Кудс во Газа започнала да вришти и плаче кога во празна училница била нападната од шимпанзо. Девојката прва пристигнала на предавање, а кога влегла во салата имала што да види.
Млада женка шимпанзо побегнала од зоолошката градина. Влегла во просториите на факултетот и дивеела по училницата. Плачот на девојката го слушнала полицијата на универзитетот и побрзале да и помогнат. Ја повикале зоолошката градина и дознале дека шимпанзото побегнало. Чуварите од зоолошката брзо интервенирале и го вратиле шимпанзото во неговиот кафез.