Со свирежи, аплаузи и скандирање пораки за слободна мисла во високото образование, Студентскиот пленум ги наполни дворот и ходниците и на Архитектонскиот факултет. Дел од студентите кои во моментот ја следеа наставата, полека ги напуштаа предавалните и се приклучуваа кон таканаречена студентска окупација за враќање на автономијата на универзитетот.
Но, дали ќе продолжи ширењето на автономната зона и окупацијата на факултетите, ќе зависи од исходот на утрешната средба во ректоратот меѓу работните групи на претставниците на УКИМ и на Mинистерството за образование и наука.
Студенстката окупација на Архитектонски, била проследена со забележително присуство на полицијата. Паралелно со ширењето на автономната зона на факултетите, познатиот босански бенд Дубиоза Колектив поладнево одржа концерт пред платото на УКИМ во знак на поддршка на Студенсткиот пленум.
OhridNews
Извор:Телма и Студентски пленум