Студентите од утре се враќаат на редовна настава. По договорот за изработка на целосно нов Закон за високо образование студентите ќе ги ослободат факултетите кои беа окупирани две недели. Сепак остануваат автономите зони кои ги формираа студентите, во аулите на факултетите каде ќе продолжат алтернативните преавања на кои ќе се зборува за студентските барања, студентските прашања, студентските проблеми. Од Пленумот потенцираа дека студентите нема да изгубат ниту семестар, ниту испити и дека во договор со професорите предавањата ќе се забрзаат и ќе се надокнадат.
На вчерашната средба на студентите им било ветено дека нема да има никаква надворешна евалуација на знаењето на студенттие. Според проценките на студентите и професорите се очекува новиот предлог закон да биде изработен во рок од шест до осум месеци.
„За шест до осум месеци имаме проценка да добиеме предлог текст, финална верзија. Нема да има веќе политички фигури во работните групи, ќе бидат државни службеници и од Министерството за образование и министерството за финансии и од владата“ изјави претставничката на Студентскиот пленум, Ивана Туфегџиќ.
Во изработката на новиот Закон нема да учествуваат претставници од Студентскиот парламент.
Во вторникот претставниците на ректоратот на УКИМ, на МОН и Студентскиот и Професорскиот пленум постигнаа договор да се донесе комплетно нов Закон за високо образование.
OhridNews
извор Макфакс