Со цел на универзитетите да им се овозможи да воспостават центри за кариера, а на нивните студенти, можност да ги надградат теоретските и практичните знаења, претставници на Царинската управа одржаа предавање за студентите запишани на отсекот Царина и шпедиција при Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.
Студентите имаа можност да се запознаат и подетално да слушнат за системите за вработување, прераспоредување, унапредување, оценување и стручно оспособување и усовршување на царинските службеници, како и законските основи за практична примена на споменатите системи во Царинска управа на Република Македонија.
Студентите покажаа голем интерес за начинот на вработување и градење кариера во Царинската управа и активно се вклучија со прашања до предавачите.
OhridNews