До крајот на годината сите студенти од трета и четврта година кои потекнуваат од семејства каде вкупниот приход е помал од просечната нето плата ќе добијат таблети, изјавил денеска за медиумите министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски

-Се надеваме дека оваа мерка ќе предизвика позитивни ефекти и кај студентите и кај приватниот сектор и со тоа ќе има пораст на економијата, изјави Ивановски.

Според најавите од Министерството, околу 300 илјади таблети кои ќе бидат наменети за училиштата.

– Први ќе добијат таблети оние училишта каде нема компјутери, а потоа постепено ќе се заменуваат и компјутерите имајќи предвид дека нивната амортизација е од пет до шест години, рече Ивановски.

OhridNews