Националната програма на УСАИД за практикантска работа и вработување „Моја Кариера“ денеска беше претставена на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.


„Проектот ќе им овозможи на студентите и лицата кои бараат вработување полесно да најдат практикантска работа, а на компаниите да ги намалат трошоците за вработување на квалификувани кадри“, истакна Мајкл Фриц, директор на УСАИД мисијата во Македонија.


За таа цел отворен е и интернет порталот www.mojakariera.com.mk, чии услуги денес ги користат  350 студенти, а 50 од нив се ангажирани во повеќе компании како Стопанска банка, Мекдоналдс и др. Многу од овие практиканства се очекува да прераснат во вистински вработувања, велат од УСАИД.

Ohridnews