Околу 650 студенти учествуваат на 13-те Македонски студентски игри „МСИ 2010“ што денеска започнаа во Охрид.


Игрите за отворени ги прогласи претседателот  на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој истакна дека секогаш му претставува задоволство да биде во друштво на млади луѓе.

Особено радува фактот веќе овие игри стануваат регионални средби на кои младите луѓе после периодот на шенгенската бариера можат да се дружат, комуницираат и да видат колку имаат исти, слични проблеми, а ниение како политичари сме одговорни да им создадеме претстава за отворен простор, истакна Иванов.


На спортските игри покрај студенти од сите државни и приватни универзитети во земјаваучествуваат и екипи од универзитети од државите во регионот, како и претставници на Европската студентска унија.

Покрај натпреварувањата во фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, пинг-понг и шах, најважно од се е да придонесеме преку вакви средби кон обединување на студентите од регионот, односно да се надминат поделбите по етничка и националона основа, рече Иван Живковски претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Македонски студентски игри завршуваат на 16-ти април.

OhridNews