Студентите на Факултетот за туризам и угостителство во склоп на предметот Заштита на културно наследство се запознаа со основите на културното наследство, пристапите на истражување на наследството и улогата на различните научни дисциплини во утврдувањето на историските факти. Предавањето со аналитички пристап и практични примери го држеше директор на Историскиот архив во Охрид, Никола Митровиќ.

Се потенцира важноста на пишаните документи и предноста пред усмените сведоштва во научната верификација и историската интерпретација на културното наследство. Студентите се запознаа со улогата и значењето на Историскиот архив како институција која се грижи за собирање, складирање, зачувување и популаризација на пишаните документи.

Беа изнесени интересни факти и практични примери од работата на Историскиот архив во Охрид, како и значењето на пишаните документи и усмената интерпретација во минатите историографски и археолошки истражувања во градот.

OhridNews