Дека сите влади во светот се магнети за корупција покажува и најновото истражување на Универзитетот од Пенсилванија и Харвард во кое се тврди дека студентите кои лажат на испити сакаат да работат за владите на своите држави. Истражувањето исто така покажало дека оние кои сакаат да работат во државна служба не веруваат во алтруистичките вредности и имаат помало волонтерско искуство во областите кои им помогаат на другите.

Истражувањето се состоело од триделен тест со кој биле тестирани чесноста, хуманитарноста и искреноста на студентите кои сакаат да работат ви јавниот сектор и оние кои тона не го сакаат. Испитаниците кои претендирале за работа во  владата, паднале на тестовите за чесност и хуманитарсност, а третиот дел од тестот покажал нешто поинакви резултати. Резултатите од нивото на искренесто не се разликувале значително во двете групи испитаници. Ваквиот резултат од испитувањето може да биде последица на тоа што работата во јавните служби најчесто се перцепира како коруптивна, па чесните студенти немаат тенденција да работат за државата, објаснуваат научниците.