Студентите по медицина на стокхолмшкиот универзитет се шокирале кога на масата за својата прва обдукција го здогледале телото на својот покоен професор. Некои од младите лекари за прв пат во животот требале да извршат обдукција за да стекнат искуство. Студентите ништо не зборувале но биле многу напнати до крајот на обдукцијата.
Еден од студентите изјавил дека првата обдукција е многу емотивно искуство, а тие морале да работат на телото на човек кој го познавале. Координаторите на праксата уверуваат дека се било само случајност. Бригита Сунделин, професорка на универзитетот, објаснила дека секогаш пред таква постапка се знае со чие тело се работи, но потенцирала дека овојпат се било само една страшна случајност.