Студенти од универзитетот во Мичиген најверојатно го собориле светскиот рекорд во направена материјална штета при забавување, бидејќи челниците од одморалиштето Тритопс во Гејлорд објавиле дека на име оштета ќе бараат дури 430 илјади долари. Во тој износ сметководителите и адвокатите на Тритопс пресметале се што се можело, од градежни работи, па се до накнада на штета за нарушен углед.
Братството под назив Сигма Алфа Му во меѓувреме од страна на универзитетот добила забрана за дејствување од четири години, но на својата интернет страница ја прифатило одговорноста, упатило извинување и изразило намера да учествува финансиски во пркривање на штетата. во срамнувањето со земја на 53 соби учествувале повеќе од 120 студенти, меѓу кои имало и многу девојки, членови на сестринството Сигма Делта Тау. Локалната полиција сеуште води истрага, меѓутоа до денес никој од студентите не е уапсен и обвинет.