Македонија има голем потенцијал за развој на еко туризмот, но потребна е поголема промоција на земјата на светскиот пазар. Ова е впечатокот на 70-ната млади учесници на меѓународната креативна работилница посветена на еко туризмот, кои во рамките на проектот подржан од ЕУ,  деновиве престојуваат во Охрид.

Македонија за прв пат е домаќин на еколошки симпозиум, на кој учествуваат студенти од цела Европа. Тие во изминатите десет дена ги посетија Скопје, Маврово и Охрид, каде ги разгледаа културно историските знаменитости. Овој симпозиум се организира 13 година, а целта е на што подобар начин да се промовираат можностите за развој на еко туризмот во Македонија, ни изјави Александра Георгиевска заменик раководител на здрружението млади за млади.


Симпозиумот го организира здружението млади за млади

Во Македонија еко туризмот е во зачеток и ваквиот начин на промоција е извонредна шанса големиот потенцијал да биде откриен од младите од Европа кои не знаат многу за нашата земја, рекоа  организаторите.

Оер, е студент од Естонија. Тој втор пат доаѓа во Македонија. “Воодушевен сум од природните увбавини на земјата. Имате голем туристички потенцијал, кој допрва треба да биде откриен“, ни изјави Оер.

Во Естонија развојот на еко туризмот е на повиско ниво од тука, вели Оер, кој во неврзан разговор ни кажа дека на националната телевизија во Естонија се подготвува документарен филм за балканот кој во голем дел се однесува на Македонија.

Организатор на меѓународниот симпозиум посветен на еко туризмот е здружението млади за млади.

Г.М.