На почетокот на јули, 16 студенти, кои доаѓаат од речиси сите краишта на земјата, а студираат на Машинскиот Факултет Скопје, ФЕИТ, ФИНКИ и Техничкиот факултет од Битола, ја започнаа својата 9-неделна платена летна пракса во КОСТАЛ Македонија.

Преку оваа програма, КОСТАЛ Макединија настојува да ги поврзе студентите од техничките факултети со поискусни вработени – ментори од компанијата, со цел стекнување на практични знаења од областа во која студираат, па и пошироко, како и да изгради култура на повратни информации, и да поттикне размена на мислења и идеи, со цел континуирано подобрување и усовршување. Студентите ќе работат на различни проекти на подобрување, а својот труд ќе имаат можност да го презентираат пред менаџментот на компанијата. Најдобрите, евалуирани низ различни аспекти, ќе имаат можност да се стекнат со стипендија и можност за вработување. – информира КОСТАЛ Македонија.

КОСТАЛ Македонија како општествено одговорна компанија постојано вложува во развојот и образованието на студентите од техничките факултети како на национално, така и на регионално ниво.

Грижата за потомството, за образованието и развојот на генерацијата која надоаѓа се едни од најважните приоритети на секое семејство, па и на КОСТАЛ Македонија, која е дел од групацијата КОСТАЛ. Семејна компанија, основана во Луденшајд, Германија, а во чии базични принципи како корпорација се вградени семејните вредности, проширени и аплицирани во интернационелен контекст, т.е. секаде онаму каде што КОСТАЛ е присутна. – истакнуваат од компанијата.

OhridNews