Дваесетгодишен студент од Прилеп паднал од четвртиот кат од студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во центарот на Скопје, пренесоа националните медиуми.

Повредениот Д.Р. е пренесен во Ургентниот центар каде вчера во 18 часот и 30 минути им подлегнал на повредите.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а според првичните сознанија на полицијата станува збор за самоубиство.

OhridNews