Еден британски студент многу се израдувал кога добил 46 „подароци“ од онлајн американскиот дистрибутер Амазон кој дозволил момчето да ги задржи вредните пакети кои му биле упатени по грешка, пренесуваат американските медиуми. Студентот Роберт Квин позирал во вторникот за списанието „Сан“ заедно со подароци вредни 4500 евра, меѓу кои се и таблет, лаптоп, телевизор со тридимензионална слика и конзола и за игри.
Пакетите биле наменети за еден склад на Амазон во Велика Британија, но дошло до техничка грешка во адресата така да сите пакети пристигнале на адресата на Квин во Бромли, во близина на Лондон. Квин рекол дека три пати им пишувал на Амазон, кои ја откриле грешката, но му рекле дека може да ги сочува сите пакети како божикен подарок. Додал дека ќе ги сочува подароците кои му се интересни, а останатите ќе ги подели на добротворни организации.