Студент на филозофија со смрдени нозе, по десетгодишна правна битка, сепак добил право да слуша предавања на универзитет во Холандија.
Теонис Тенбрук го исфрлиле од универзитетот Еразмус во Ротердам по многубројните обвиненија од професорите и другите студенти дека е невозможно да се предава и да се пратат предавањата поради смрдеата на неговите нозе. Но, по десетгодишна правна битка, судот конечно пресудил дека смрдените нозе не се доволно добра причина да го исфрлат студентот од универзитетот.
– Наше мислење е дека професорите и студентите мора да ги затнат носевите и едноставно да издржат – рекол судијата.
Тенбрук се обидел да држи чекор со предавањата, учејќи во библиотеката. Но, од таму, исто така го избркале, па нема вратено неколку десетици книги. Универзитетот сега одлучил да воведе парични казни за да го решат смрдливиот проблем.