Студенстскиот дом кој се наоѓа во поранешниот депанданс на Палас во текот на туристичката сезона кога студентите се на одмор работи комерцијално како пансион. Огромна табла на која пишува дека се издаваат соби стои пред објектот кој деновиве врие од туристи. Надлежните велат дека постои економска оправданост за ваквото работење на студенсткиот дом, а судејќи по местоположбата, некогашниот депанданс е сериозна конкуренција на приватните станоиздавачи.
Покрај пренамената на капацитетот забележлив е и убаво уредениот двор на студентскиот дом. Но, за жал покрај прекрасниот тревник зјаат жбунови од другата страна на ограда кои се најгрдта слика во центарот на Охрид. Не се знае кој е сопственик на оваа локација, но сеедно ваква глетка не смее да постои во строгиот центар на Охрид.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com