И утре ќе биде студено, но без врнежи од снег, освен во јужните делови од државата. Температурите ќе се движат меѓу минус 15 и 4 степени. В среда не’ очекува стабилизирање на времето и сончеви периоди, а температурите ќе достигнат до 5 Целзиусови степени.
В четврток повторно ќе почнат врнежи од снег во западните делови, а в петок низ целата земја. Сепак, нагласуваат во УХМР, снегот нема да паѓа со ист интензитет како изминативе три дена. Температурите ќе останат и понатаму ниски, особено во деновите на викендот.