Утрово во 7 часот во Охрид измерени се -4,4 степени Целзиусови. Во текот на денот не очекува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне 7 степени.
Во понеделник утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Температурата во Охрид ќе се движи во интервал од -4 до +9 степени.
Г.М.