Утрово во 7 часот во Охрид се измерени 5 степени Целзиусови. Преку денот ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени Целзиусови. Во Охрид до 19 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштаат под нулата. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.

OhridNews